Уапсени демонстранти кои се против преименување на Астана

Апсења во Астана пред канцеларијата на градоначалникот.

Полицијата во Астана уапси околу 20 луѓе кои протестираа против преименувањето ан казахстанскиот главен град, откако поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев на 19 март даде оставка од функцијата по скоро 30-годишно владеење.

Пред полицијата да ги уапси, демонстрантите кои протестираа пред канцеларијата на градоначалникот во Астана, беа соочени со десетици луѓе кои поддржуваат преименување на градот. Нема инфорамции дали против демонстрантите се поднесени обвиненија.

Казахстанскиот Парламент вчера одобри закон за преименување на Астана во Нурсултан, неколку часа отакако предлогот го даде новоназначениот привремен претседател Касим Зомарт Токаев.

Тој исто така повика главните улици во сите градови низ Казахстан да бидат именувани по 78-годишниот Назарбаев.