На официјалната интернет страница на УЕФА стои дека македонската фудбалска репрезентација вечерва на натпреварот против Латвија ќе настапи под името БЈР Македонија, во рамки на натпреварите за квалификациите за Европското првенство.
И Фудбалската федерација се уште e Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), а на интернет страницата на ФФМ е наведено дека „А репрезентацијата на Македонија“ го одржала последниот тренинг пред натпреварот со Латвија за квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.
Од ФФМ објаснуваат дека тие се уште го користат името на репрезентацијата што го користи УЕФА. Оттаму велат дека за ново именување на репрезентацијата треба да добијат упатство од Македонскиот олимписки комиитет кој е надлежен да испрати допис до сите спортски федерации, но дека досега не добиле такво нешто.
На кајроните на телевизиските преноси ќе стои кодот МКД, велат од ФФМ, а за вечерашниот натпревар со Латвија има препораки за коментаторите во телевизиските преноси наместо име на државата да употребуваат македонската репрезентација.
На некои веб-страниците кои објавуваат резултати во живо стои дека репрезентацијата на Северна Македонија ќе игра против Латвија.