Тереза Меј е решена да го спроведе Брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е решена да го спроведе Брегзитот и ги повика пратениците да ја поддржат спогодбата која на два пати парламентот ја одби. „Се надевам искрено дека пратениците ќе ја поддржат спогодбата за која преговарав со Европската унија“, рече Меј, која вчера побара од Унијата одлагање на датумот на почетокот на Брегзитот кој е предвиден за 29 март. Лидерите на ЕУ денеска за тоа ќе расправаат на дводневниот самит во Брисел.