На полноќ истекува рокот за претседателски кандитатури

Блерим Река, Гордана Силјановска и Стево Пендаровски

Претседателските кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Силјановска денеска до полноќ го имаат последниот ден за поднесување на кандидатурите до Државната изборна комисија. Досега својата кандидатура ја поднесе Блерим Река поддржан од Алијансата и БЕСА. Од Комисијата велат дека за да го запазат рокот од 48 часа на денешната седница ќе решаваат за кандидатурата на Река. Кандидатот кој ќе добие мнозинството гласови од запишаните во избирачкиот список, односно 900.000 ќе биде победник уште во првиот круг на 21 април. Во спротивно на вториот изборен круг на 5 мај, победник ќе биде кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови, под услов да излезат 40 проценти од запишаните избирачи.