Почина тешко повредената девојка во несреќата кај Ласкарци

Почина 20-годишната девојка која во автобуската несреќа на 13 февруари кај Ласкарци, беше тешко повредена и хоспитализирана на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Ова за МИА попладневого изјави раководителката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова.

Поради сериозноста на повредите на девојката ѝ беа извршени неколку операции и ѝ беше ампутирана ногата.

„Тешки телесни повреди имаше девојчето. Четириесет дена борба водевме за нејзиниот живот. Имаше многу повредени системи, нагмечувања… Се боревме за нејзиниот живот, за жал не ја добивме битката“, рече д-р Мојсова и додаде дека изразуваат сочувство до семејството на девојката.

Починатата девојка е 16-та жртва во автобуската несреќата кај Ласкарци.