Пакистанскиот суд ја осуди 22-годишната чешка моделка на осум години и осум месици затвор, за обвиниенија за обид за шверц на харион од Пакистан. Судот во источниот град Лахор, главниот град на провинцијата Пинџаб, денеска ја осуди Тереза Хлускова.
Според судот, Хлускова во јануари 2018 година била уапсена со 8,5 килограми херион на аеродромот во Лахор, од каде требало да се упати кон Ирска преку Обединетите Арапски Емирати.
Откако беше уапсена, Хлускова на истражителите им рече дека дошла во Пакистан да работи како модел и дека некој ја ставил дрогата во нејзиниот багаж додека се враќала.
Нејзиниот адвокат Сардар Асгар Догар вели дека ќе поднесе жалба. Казната на Хлускова вклучува и парична казна од 800 долари.