Меркел: ќе се борам за поуреден Брегзит до последен час

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе се бори за „поуреден Брегзит“ до последен момент. Таа наведе дека лидерите на Европската унија ќе се обидат реагираат на она што ќе го предложи Британија. Меркел одби да каже дали ќе го поддржи продолжувањето на рокот за излегување на Британија од Унијата. Тоа, според предвиденото, би требало да се случи за десетина дена со или без спогодба.