Украинските власти соопштија дека од почетокот на годината, па досега биле пријавени 30 794 случаи на мали сипаници. Според министерството за здравство, 16 969 од случаите се заболени деца, а од морбили починале 11 лица.
За време на изминатата година биле пријавени нови 2000 случаи. УНИЦЕФ соопшти дека невакцинирањето е закана за децении работа за ставање под контрола на болеста, која може да се спречи, но е потенцијално смртоносна.