Белорусија нареди протерување на Иранец кој се соочува со смртна казна

Илустрација - иранско знаме.

Белоруските власти наредија протерување на ирански маж кој прифатил христијанство и е баран од Техеран за наводно убиство и покрај предупредувањата од меѓународните организации за човекови права дека тој ќе биде под ризик од тортура и смрттна казна ако биде вратен назад. Мехрдид Џамшидијан се влошува откако преживеа срцев удар во јули и беше вратен во притврниот центар по само три дена во белоруската болница.

Џамшидијан емигрирал во Белорусија во 1993 година и е женет со белоруска жена, со која има три деца. Тој е без легален статус откако му истече неговиот ирански пасош во 2016 година и тој не аплицираше за нов поради „основани стравови од прогон во Иран“, според Амнести интернешнал.

Неговите барања за азил и заштита беа одбиени од белоруските власти уште од 2013 година и без нов пасош, тој не може да аплицира за престој во земјата.