Заев од Тирана- ги пробивме сите рекорди за странски инвестиции

Архивска фотографија- премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев со владината делегација што го придружува во рамки на официјалната посета на Република Албанија, по средбата со албанскиот премиер Еди Рама, денеска во Тирана се сретна и со претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле истакнати политиките на премиерот Заев како политики на визија и посветеност и успех за Република Северна Македонија, но и на земјите од целиот регион.

Договорот од Преспа на средбата бил посочен како историски договор што ги отвори историските перспективи на нашата држава во НАТО, поради што е изразена целосна поддршка на интеграциите на Северна Македонија.

Премиерот Заев се заблагодарил за брзата постапка на ратификацијата на Протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО во албанскиот Парламент и посочил дека бенефитите почнуваат да се чувствуваат за граѓаните.

“Ги пробивме сите рекорди за странски инвестиции, зголемен е БДП-то, намалена е невработеноста, се качуваат платите. Во тек е заокружување на клучните реформи. Очекуваме ЕУ да ги вреднува овие резултати на Република Северна Македонија во јуни”, рекол премиерот Заев.