Британските пратеници денеска ќе гласаат за излегување на Велика Британија од ЕУ, без договор, по синоќешното повторно отфрлање на договорот на премиерката Тереза Меј. Во меѓувреме, Владата на Британија соопшти дека ќе ги намали царините на голем број увозни стоки надвор од ЕУ и ќе ги претстави мерките за избегнување принудни граници со Северна Ирска доколку се случи брегзит без договор.
ЕУ соопшти дека плановите за Брегзит без договор се поважни од кога било по вчерашното отфрлање на договорот. Голем број европски лидери изразија разочарување од отфрлањето на договорот за брегзит. Доколку и денеска не биде изгласан Брегзит, без договор, тогаш утре ќе се гласа за негово одложување.