Бугарија во потрага по инвеститори за нуклеарната централа „Белене“

Започнатиот проект за изградба на нуклеарна централа Белене, архивска фотографија, 2013 година

Бугарија го отвори процесот со кој поканува инвеститори за учество во досега замрзнатите планови за изградба на нуклеарна централа во градот Белене на границата со Романија. Министерството за енергетика во писменото соопштение истакна дека крајниот рок за пријавување е три месеци, а очекувањата за завршувањето на првата фаза од овој процес е една година. Потенцијални малцински акционери се исто така поканети да го искажат својот интерес се вели во соопштението.

Рускиот премиер Димитриј Медведев за време на минатонеделната посета на Софија истакна дека руската нуклеарна компанија Росатом е подготвена да инвестира во овој проект.

Интерес за овој проект досега покажаа и германско-француски конзорциум Франтом, американската компанија Џенерел Електроник, кинеската CNC како и корејската Хидро и нуклеарна енергија.

Бугарската влада во 2012 годна престана да работи на овој проект поради недостиг на пари.