РЕК Битола со демант до ВМРО-ДПМНЕ

РЕК „Битола“

РЕК Битола ги демантира наводите изнесени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. Во нивното соопштение е наведено дека тендерската постапка за која на прес конференција опозицијата обвини дека го добила фирма која е во релација со братот на премиерот Зоран Заев е водена согласно законските процедури. „Станува збор за отворена постапка која завршила со е – аукција – факт што автоматски ја исклучува можноста за преговори со заинтересираните економски оператори, односно во жаргонот на ВМРО – ДПМНЕ, за договор во четири очи, “ се вели во соопштението.

РЕК Битола ги повикува сите надлежни институции да ги испитаат злонамерните инсинуации на ВМРО – ДПМНЕ, затоа што како што велат тоа е биде најдобар одговор на т.н. сомнежи за криминал и потврда за одговорното работење во РЕК Битола.