Епидемијата со морбили не стивнува

Расте бројот на заболени од морбили, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Во првата недела од месецов биле евидентирани нови 83 сомнителни случаи за мали сипаници, со што бројот на вкупно заболени од почетокот на епидемијата во Скопје изнесува 493 регистрирани случаи на мали сипаници. Според информациите од Инфективната клиника, хоспитализирани се 19 возрасни и 18 деца со морбили, а еден пациент се наоѓа во тешка состојба на одделот за интензивно лекување. Од почетокот на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица во Скопје изнесува 10 илјади додека вкупнуот број на вакцинирани деца до врозраст до 14 години со МРП вакцината на ниво на држава изнесува 15 илјади.