Патнички авион на Етиопијан ерлајнс се урна на лет од Адис Абеба до главниот град на Кенија, Најроби. Во Боингот 737 имало 149 патници и осум члена на екипажот, соопшти денеска авиокомпанијата.
Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека несреќата се случила во близина на етиопскиот град Бишофту, околу 50 километри југоисточно од Адис Абеба, кратко време по полетувањето од главниот град.
Од Етиопијан ерлајнс соопштија дека операциите за пребарување и спасување се во тек, но не дадоа детали за бројот на жртви.
Засега не е позната причината за несреќата.
Од Кабинетот на етиопскиот премиер упатија сочувство до семејствата на жртвите.