Полусестрата на Ана Франк се сретна со американски средношколци

Ева Шлос

Полусестрата на Ана Франк се сретна со американските средношколци во Калифорнија кои беа фотографирани со нацистички поздрав околу свастика формирана од црвени чаши за време на забава. 89 годишната Ева Шлос изјави дека средбата била емотивна и на средношколците им го пренела нејзиниот искуство од Аушвиц.

„Мислам дека научија лекција за животот“, истакна Шлос, која додаде и дека средношколците се извиниле и дека не сфаќале што навистина значи нивното однесување, бидејќи мислеле дека се шегуваат.

Фотографијата од забавата на која биле средношколци од неколку училишта ја шокираше локалната заедница и предизвика бес низ целата нација.