Во завршна фаза законите за заштита на Матка и на Водно

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули денеска изјави дека Законот за заштита на пределот на Матка и законот за заштита на Парк шумата Водно се во завршна фаза на изработка и со нив ќе се регулираат зоните на строга заштита во овие подрачја.

Според него, со законските одредби ќе се дефинираат зоните, која ќе биде за строга заштита, за активно управување и која за одржлив развој.

Макрадули пред почетокот на работилницата „Подготовка на Национален интегриран план за енергија и клима“ за периодот од 2020 до 2030 година одговарајќи на новинарско прашање за дивоградбата на Матка, рече дека дивоградбите ги оценува како негативни и недозволиви и нешто што мора да се регулира.