Приведени мормони во Русија

Руските полициски служби уапсиле двајца припадници на мормонската црква во Новоросикс по неодредени обвиненија. Портпаролот на црквата со седиште во САД Ерик Хокинс до седиштетот на Радио Слободна Европа испрати известување дека двајца волонтери во црквата биле уапсени за време на црковен состанок и дека не им биле откриени детали за апсењето. Во продолжение е наведено дека тие се вознемирени поради околностите на приведувањето и дека ќе продолжат да работат со локалните власти за нивно набрзо ослободување.Американската амбасада во Москва најави дека внимателно ќе го следи случајот и дека ќе обезбеди соодветна конзуларна помош.