Археолози од мексиканскиот Националниот институт за антропологија и историја објавија дека пронашле пештера во светилиштето на Маите, Чичен Ици, во која откриле околу 200 керамички садови во речиси недопрена состојба, објави новинската агенција Асочиејтед прес.
Според информациите од археолозите, садовите датираат од периодот околу 1.000-тата годин и содржат делови од коски и запалени материјали, кои се дадени на анализа.
Археологот Гиљермо де Анда рекол дека истражувањето на пештерата почнало минатата година, откако локалните жители му кажале за неа. Тој подоцна дознал дека локалното население знаело за пештерата веќе 50 години, но молчело за да ја заштити.