Командант на НАТО силите за Европа, генерал Керти Скапароти им порача на САД да не ѝ продаваат борбени авиони Ф-35 на Турција ако Анкара продолжи да го реализира планот за купување на ракетен систем од Русија, објави новинската агенција Ројтерс.
Скапароти смета дека Турција треба да го разгледа својот план за купување на рускиот ракетен систем С-400 или да загуби други идни американски воени летала и системи. Според него, С-400 системот би бил закана за Ф-35. Испораката на авионите Ф-35 е одложена се додека Анкара води преговори со Москва за руските ракетни системи.