Британските антитерористичките единици испитуваат три пакети со експлозив што биле пронајдени денеска на лондонските аеродроми Хитроу и Сити, како и на транспортната станица Ватерло, објавија британските медиуми и светските новински агенции.
„Малите импровизирани експлозивни направи беа пронајдени во поштенски торби“, информираше лондонската полиција, која додаде дека дека никој не е повреден, но дека „станува збор за поврзани настани“.
Најпрвин дел на аеродромот Хитроу беше евакуиран откако сомнителниот пакет беше пријавен во полиција во 9.55 часот по локално време, а во наредните три часа, уште два пакети беа пронајдени во главниот град на Обединетото Кралство. Припадниците на специјалната полиција се на терен.