Фон дер Лајен: Грција и Северна Македонија дадоа пример за тоа што значи Европа

Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен изјави дека компромисите никогаш не се лесни, но го отвораат патот кон подобра иднина, а Грција и Северна Македонија дале светол пример за тоа што значи Европа.

„Длабоко ги почитувам храброста и решителноста на двете земји да одат напред кон Договорот од Преспа. Компромисите никогаш не се лесни, но го отвораат патот кон подобра иднина. Грција има долга и горда историја и ја роди европската идеја на демократијата. Грција и Северна Македонија дадоа светол пример за тоа што значи Европа. Сите можеме да научиме од тоа, и тоа сите нас во Европа ќе нѐ направи посилни“, изјави таа во интервју за грчкиот весник „Та неа“.

Министерката во Атина ќе има средба со нејзиниот грчки колега, Евангелос Апостолакис.