Ерменскиот премиер Никол Пашинијан и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се сретнаа во Брисел каде разговараа за односите на Ереван и на ЕУ, како и за конфликтот меѓу Ерменија и Азаербеџан за Нагорно Карабах.
Туск изјави дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува патот на Ерменија кон консолидирана демократија и да создаде подобра економска иднина за своите граѓани. Пашинијан порача дека со Туск разговарал и за можноста од визна либерализација на граѓаните на Ерменија.