Демонстрантите го опколија Парламентот во Тирана

Демонстрант на протестите во Тирана

Демонстранти и поддржувачи на опозицијата денеска ја опколија зградата на Парламентот во Тирана. Тие бараат оставка на Владата и распишување предвремени парламентарни избори.

Зградата на Парламентот ја обезбедуваат стотици полицајци, како и бодликава жица. Демонстрантите, исто така, ја обвинуваат Владата за корупција и врски со криминалот.