ВМРО-ДПМНЕ - Пендаровски не го избраа делегатите на СДСМ

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес не бираа делегатите на СДСМ, само кренаа рака по нарачка на лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ откако владејачката партија на денешниот 23. Конгрес ја потврди претседателската кандидатура на Стево Пендаровски.

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението го повторуваат она што вчера го изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека Заев „на деспотски начин со претходно наметнат кандидат за претседател од меѓупартиски договор фингира изборна конвенција.“

„СДСМ невешто одглуми демократија, а всушност на најдеспотски начин им беше ставен на тацна Стево Пендаровски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Стево Пендаровски бил „докажан губитник кој повторно ќе биде поразен како на изборите во 2014 година и оти глас за Пендаровски значи глас за Заев и „за нови кршења на Уставот и девалвирање на државноста“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.