САД со нови санкции за безбедносни лица од Венецуела

Николас Мадуро

САД воведоа санкции за шест високи претставници на безбедносните служби во Венецуела обвинети за попречување на испораката на хуманитарна помош во нивната земја.

Според соопштението, имињата на листата за санкции биле поврзани со режимот на Николас Мадуро и со попречувањето на испораката ја влошиле хуманитарната криза која остави милиони граѓани на Венецуела гладни и без пристап до медицинска помош. Мадуро денеска објави дека земјата го преместува седиштето на државната нафтена компанија ПДВСА од Португалија до Русија.