Англискиот град Солсбери деконтаминиран од Новичок

Маж го вее британското знаме пред катедрала во Солсбери

Англискиот град Солсбери официјално е прогласен за безбеден од нервниот гас Новичок, речиси една година по нападот за кој западот ја обвини Русија.

Воените специјалисти ја предадоа контролата на локалната власт врз последната локација поврзана со нападот, односно домот на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал во градот, изјави бригадниот министер Дејвид Саутал. Домот на Скрипал беше една од 12 потенцијално контаминирани локации.