Северна Кореја барала делумно укинување на санкциите

претседателот на САД Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ханој, 28.02.2019.

Северна Кореја ги оспори наводите на американскиот претседател Доналд Трамп за причините за неуспехот на самитот во Ханој. Шефот на севернокорејската дипломатија Ри Џонг Хо изјави дека Пјонгјанг барал само делумно укинување на санкциите во замена за затворање на главната нуклеарна постројка во земјата и оти разговорите пропаднале откако САД побарале дополнителни чекори кон разоружување. Претходно Трамп на новинарите им рече дека Северна Кореја барала целосно укинување на санкциите за да ја затвори постројката во Јонгбјон. Американскиот државен секретар Мајк Помпео пак изјави дека на разговорите на Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун имало напредок, но не и доволен за потпишување спогодба.