Руски морнарички офицер бил украински шпион

Офицер од руската Црноморска флота и неговата партнерка се осудени за шпионажа за Украина, соопшти денеска Федералната служба за безбедност(ФСБ). Регионалниот воен суд за Северен Кавказ го осуди мајорот Дмитри Долгополов на 10 години затвор, а неговата партнерка Ана Сухоносова доби 9 години затвор, откако беа осудени дека ѝ продавале класифицирани материјали за операциите на единиците од Црноморската флота на Украинската служба за безбедност. ФСБ соопшти дека Долгополов и неговата партнерка се изјасниле за виновни. Тие беа уапсени во септември 2017 година на Крим.