Беса и Алијансата за Албанците ја поддржуваат кандидатурата на Блерим Река за претседател

Билал Касами и Зијадин Села

Движењето Беса и Алијансата за Албанците ја поддржуваат кандидатурата на проф. д-р Блерим Река за Претседател на Република Северна Македонија.

"Како опозициски партии, сметаме дека претседателските избори во земјата немаат значење без кандидат Албанец, бидејќи во спротивно Албанците ќе бидат сведени само на гласачи кои гласаат, но не и за субјект за кој треба да гласаат", се наведува во нивното соопштение.