МВР почна да издава потврди на граѓаните со нов печат и новото име до целосната промена на сите документи

Печат со новото име Република Северна Македонија во пасошите

Министерството за внатрешни работи почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од Министерството што не го содржат новото име на државата, до целосната промена на сите документи. Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име Република Северна Македонија, информираат од МВР.

Оваа постапка следува по Договорот од Преспа, како и уставните измени за новото име на државата, се наведува во соопштението од МВР.