Дводневниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, заврши без договор за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, но разговорите помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг ќе продолжат и во иднина, соопшти Белата куќа. Трамп и Ким го напуштија местото на самитот во главниот град на Виетнам, Ханој, во одделни автомобилски колони порано од планираното. Планираната церемонија за потпишување на заедничките договор беше откажана.
Трамп и Ким без договор за денуклеаризацијата
американскиот претседател Доналд Трамп и водачот на Северна Кореја Ким Џонг Ун