Американскиот претседател Доналд Трамп го почна во Ханој, Виетнам вториот ден од разговорите со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, наведувајќи дека не брза во постигнување договор за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. „Нема брзање. Сакаме да постигнеме вистински договор“, рече Трамп. Тоа го потврди и Ким Џонг Ун, наведувајќи дека било прерано да се каже за можноста за постигнување договор. „Има многумина кои не гледаат, како на сцена од фантастичен филм. Направивме многу напори и време е да го покажеме тоа“, изјави тој. Планирана е 45 минутна средба меѓу Трамп и Ким на која ќе присуствуваат само нивните преведувачи.
Втор ден од самитот меѓу Трамп и Ким
Американскиот претседател Доналд Трамп го почна во Ханој, Виетнам вториот ден од разговорите со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун