Денеска почнува самитот меѓу Трамп и Ким

Ханој, Виетнам

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун денеска и утре во Ханој, Виетнам ќе одржат самит посветен на денуклеаризација на Корејскиот полуостров. На првиот ден тие ќе имаат вечера на која ќе присуствуваат државниот секретар Мајк Помпео и шефот на кабинетот на Трамп, Мик Малвени. Ким исто така ќе биде со двајца негови соработници. Трамп и Ким утре ќе ги имаат официјалните разговори. Првиот нивен состанок на 12 јуни минатата година во Сингапур беше оценет како историски. Тогаш тие потпишаа документ за денуклеаризација, но до денес не е постигнат значителен напредок.