Утре ќе продолжи комисиската расправа за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Собраниска комисија за мандатно имунитетни прашања

Утре напладне продолжува седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања на чиј дневен ред е барањето за одобрување притвор на пратеникот Трајко Вељаноски, поднесено од Одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски ја презакажа за утре седницата поради повеќемината говорници кои се пријавиле за збор, а во текот на дискусијата имаше препукување меѓу пратениците од власта
и опозицијата за тоа дали е оправдано да се донесе одлука на поранешниот претседател на Собранието да му се одземе имунитетот.