МААЕ - Иран ги исполнува обврските од нуклеарниот договор

Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека иранските нуклеарни активности се во согласност со ограничувањата поставени со нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили од 2015 година, и покрај растечкиот економски притисок од американските санкции, откако претседателот Доналд Трамп се повлече од договорот. Инспекторите на МААЕ исто така во денешниот извештај наведуваат дека не нашле никакви нерегуларности поврзани со иранскиот нуклеарен истражувачки реактор Арак, кој првично беше дизајниран за производство на плутониум како нус-производ.

Според договорот од 2015 година, Иран значително ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции. Сепак, САД повторно воведоа санкции, откако претседателот Трамп се повлече од договорот во мај 2018.

Останатите потписници на договорот – Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина се обидуваат да го одржат договорот во живот.