По најновото заострување на политичката криза во Албанија, откако опозицијата одлучи да се откаже од пратеничките мандати, во Тирана в среда треба да допатува делегација на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент.
Европратениците ќе се сретнат со клучните политички лидери во земјата, со цел да добијат појасна слика за политичката ситуација во земјата, по на крајот од посетата на Тирана ќе објават заедничка изјава.
Опозициските пратеници вчера се откажаа од своите пратенички мандати, со што првпат во трите децении плурализам во Албанија, Парламентот остана без опозиција.
Опозицијата најави одржување антивладини протести низ целата земја сè додека премиерот Еди Рама не поднесе оставка, по што би се формирала преодна влада, која би организирала предвремени парламентарни избори на 30 јуни годинава, заедно со локалните.
Рама, од своја страна, отфрли каква било можност за негова оставка, најавувајќи дека „подава раката за дијалог за избори во јуни 2021“.