Александрова- очекуваме реакции од МВР и правда за случувањата во Шутка

Архивска фотографија- независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара брза разрешница и одговорност за вчерашните случувања во истражниот затвор во кој беа вклучени двајца поранешни министри од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Емилија Александрова рече дека очекуваат конкретни реакции прво од министрите за правда и за внатрешни работи, а потоа побара оставка и од директорот на затворот Ѓоко Котевски. Од пратеничката група побараа и да се овозможи домашен притвор за “луѓето чиј живот е загрозен”.

“Сакаме да се обратиме и до Христијан Мицкоски. Тој како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, треба да сфати дека има поважни работи од тоа да биде сликан. Парадирањето вчера и демонстрацијата на сила е уште едно шоу, бидејќи тој знае дека не може да се посети притвореник без судска дозвола. Христијан Мицкоски, не ги посети луѓето од настаните од 27 април, кои веќе втора година се во притвор и за нив досега не покажа никаква грижа и интерес. Непреземената одговорност за сите важни одлуки за Македонија, не може да се прикрие со носење камери и драматични изјави”, рече Александрова.

Таа додека дека премиерот имал обврска да седне со сите политички чинители и помирувањето да станело реалност.