Премиерот Заев побара оставка од директорот на затворот „Шутка“

Илустрација. Затворот "Шутка"

Премиерот Зоран Заев денеска побара оставка од директорот на затворот „Шутка“ Ѓоко Котевски.

До ова доаѓа по вчерашните два инцидента во дворот на оваа казнена институција во кои поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски биле физички нападнати, по еден ден откако им беше одреден притвор во врска со истрагата за настаните во Собранието на 27 април, 2017 година.

На нападот според Управата на затворот, претходеле вербални расправии кои биле предизвикани од Јанакиески и Ристовски.

Премиерот Заев го осуди самиот чин, и наведе дека без разлика на тоа кој е виновен за инцидентите, тој побарал одговорност од директорот. Оставката тој ја очекува најдоцна до понеделник.

Зад ваквата одлука застанала и министерката за правда Рената Десковска.

"Случајот заслужува и ќе има истрага. Треба да се види дали и каде е направен пропуст. Мора да има одговорност кој дозволил да има близок контакт меѓу овие две групи, без разлика дали тоа е вообичаена пракса или не. Во конректнава ситуација треба да се прави
проценка за одредени ризици" рече министерката Дескоска.

Таа смета дека доколку имало и физички напад и контакт, има простор истрага да поведе и јавен обвинител, а со случајот може да се занимава и Народниот правобранител