Иран со воени вежби кај теснецот Хормуз

Воени вежби на Иран кај теснецот Хормуз во 2017 година

Иран ќе одржи воени поморски вежби околу стратешкиот теснец Хормуз. Вежбите ќе започнат утре и ќе траат до крајот на неделата. Командантот на морнарицата, адмирал Хосеин Канзади, изјави дека во вежбите ќе учествуваат подморници, воени бродови, хеликоптери и авиони за надзор. Според него, вежбите ќе вклучуваат и лансирања на ракети. Според него, вежбите треба да ја подготват земјата за вонредни ситуации.