Заев денеска на средба со Касами за заеднички кандидат за претседател

Архивска фотографија- ремиерот Зоран Заев на средба со претседателот на Беса Билал Касами, 04.01.2019

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска попладне во Клубот на пратениците ќе се сретне со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами. Тој во име на коалицијата предводена од СДСМги продолжува разговорите и консултациите со партиите за можностите за заеднички кандидат за претседател на државата. Претходните денови тој се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со претседателите на ДПА и на Алтернатива, Мендух Тачи и Африм Гаши, а вчерашната средба со Зијадин Села од Алијансата за Албанците беше откажана поради недоразбирањата за ингеренциите меѓу Министерството за образование и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари кој доаѓа од партијата на Села.