Собраниска делегација во Виена на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Виена

Делегација на Собранието на Северна Македонија денеска и утре во Виена ќе учествува на Зимската сесија на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. На агендата на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ и претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание што ќе се одржи од 4 до 8 јули 2019 година во Луксембург. Како што информираат од прес-центарот на Собранието, шеф на делегацијата е пратеникот Владимир Ѓорчев, а учество ќе земат и пратениците Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили.