Одложена седницата на албанскиот парламент

Тирана, Албанија, поглед на центарот на градот

Претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи ја одложи пленарната седница закажана за денеска поради закажаниот масовен протест на опозицијата и сознанијата дека ќе имало обид за насилно влегување во законодавниот дом. За одлуката на опозициските пратеници да се откажат од мандатите Ручи рече дека тоа е „политичко самоубиство“ и и нанесува штета на државата.