Јункер: ЕУ перспективата на Западен Балкан е прашање на војна или мир

претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Земјите на Западен Балкан треба да имаат вистинска перспектива за членство во Европската унија, бидејќи во спротивно постои ризик од враќање на 90 години од минатиот век. Ова го изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на прес конференцијата во Брисел со словенечкиот претседател Борут Пахор. Притоа Јункер оцени: „Мислам дека тоа е прашање на војна и мир“. Пахор пак посебно се осврна врз Босна и Херцеговина, наведувајќи дека спрема таа земја треба да се биде „суптилен“, но оти тоа не значи дека треба да и се пошута во исполнувањето на критериумите за европската интеграција.