Прибе - Патот до ЕУ ќе биде потежок од оној до НАТО

Германскиот експерт Рајнхард Прибе

Германскиот експерт Рајнхард Прибе денеска во Скопје повтори дека владеењето на правото и функционирањето на институциите треба да е приоритет на сите политички партии. Тој вели дека реформскиот процес е во интерес на земјата и не треба да се гледа како на нешто што треба да ја задоволи ЕУ. Група експерти под негово водство во 2015 подготвија извештај со реформски приоритети кои земјата требаше да ги спроведе. Сега вели дека реформите се движат и дека се клучни за членството во ЕУ, нотирајќи дека патот до таму ќе биде потежок од оној до НАТО. Прибе денеска на Универзитетот ФОН доби титулата почесен професор.

Прибе го пофали Договорот од Преспа во својот говор.