Данска во март го почнува процесот за ратификација на Протокол за НАТО

Прв состанок на НАТО по промената на името на државата.

Данската Влада утре ќе го поднесе предлогот за ратификација на пристапниот Протокол за членство на Северна Македонија во НАТО до данското Собрание, и процесот за ратификација ќе почне од 1 март.
За ова информираше заменик-шефот на Одделот за европско соседство во Министерството за надворшени работи на Данска, Алан Пег Кристенсен, на денешната средба со министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Алан Пег Кристенсен, ги реафирмирал добрите билатерални односи меѓу двете земји, и упати честитки до македонската Владата за храбриот исчекор во решавање на долгогодишниот спор. Истакнал дека евроатлантскиот пат на земјата и е отворен и дополнително укажал на потребата за спроведување на потребните реформи што се битен чекор кон членството во ЕУ.

Посетата на министерот Адеми во Данска, продолжува денеска попладне со средба со бизнисмени, а завршува утре со средбата на министерот со данскиот министер за имиграција, интеграција и домување, Ингер Стојберг.