Опозицијата во Албанија се откажа од пратеничките мандати

Архивска фотографија- лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша

Парламентарната група на опозициската Демократска партија, која брои 43 пратеници, донесе едногласна одлука за откажување од пратеничките мандати.

Веста ја соопшти партскиот лидер Љуљзим Баша, по седницата на парламентарната група, која го „овластила за преземање на понатамошните чекори“, што подразбира свикување на највисоките партиски органи, кои треба да ја потврдат веќе донесената одлука.

“Парламентарната група донесе едногласна одлука за откажување од пратеничките мандати, бидејќи единствено политичко решение е формирање преодна влада, која ќе спроведе слободни и фер избори и ќе го одблокира процесот за европска интеграција на Албанија”, рече Баша. Т

Почесниот претседател на демократите, поранешниот премиер и претседател на државата Сали Бериша, кој исто така е пратеник,наведе дека одлуката која првпат е донесена во Албанија „од политичка гледна точка е есктремна, но оти тоа го бара политичката ситуација во земјата“.