Руските власти не дозволиле протест за Немцов во Санкт Петерсбург

Учесници на маршот за одбележување на три години од смртта на Немцов во 2018 година

Локалните власти во Санкт Петерсбург не одобриле дозвола за одржување на марш во центарот во градот на 24 февруари за одбележување на годишнината од убиството на опозицискиот политички лидер Борис Немцов. Според движењето кое ги организира протестите, локалните власти ги одбиле сите предложени рути на движење на маршот.

Потпретседателот на законодавното собрание на градот, Борис Вишневски соопшти дека наместо тоа локалните власти им предложиле маршот да се одржи во паркот Полустрово, кој се наоѓа на 5 километри од центарот на Санкт Петерсбург. „Се работи за исмејување“, напиша тој на социјалните мрежи и најави тужба за градот.