Државниот обвинител го испратил Законот за СЈО на толкување во Собранието

Љубомир Јовески

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска го испратил барањето до Собранието за автентично толкување на член 22 од Законот за Специјалното јавно обвинителство. Јавниот обвинител, врз основа на член 175 од Деловникот на Собранието, поднесува барање за давање на автентично толкување на чл.22 од Законот за Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Потребата од давање автентично толкување произлегува од различното толкување на чл. 22 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.