Северна Македонија на прв состанок на НАТО

генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Брисел, 13.02.2019.

„Видов дека вчера знамето на НАТО беше кренато пред зградата на владата во вашата земја, Северна Македонија, и навистина се надевам на денот кога ќе можеме да го сториме истото, да го кренаме вашето знаме заедно со 29 други знамиња, пред зградата на НАТО“. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на пречекот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска која денеска и утре ја застапува Македонија на министерскиот состанок на Алијансата, за прв пат како идна членка на НАТО. Шекеринска изјави дека претставува чест и привилегија за земјава да биде за прв пат на еден министерски состанок на НАТО.